Кралот на Малезија абдицирал по само 2 месеци на прстолот. Кралот Султан Мухамед V поднесе оставка со непосреден ефект. Не била дадена причина за кратењето на неговиот петгодишен мандат – прв во историјата на земјата.

Сепак ова се случило скоро два месеци откако се оженил со поранешната Мис Москва Оксана Воеводина во раскошна церемонија откако таа, наводно, се преобратила во ислам за да биде со него.

Кралот има 49 години и е најмлад монарх кој седнал на престолот, а Оксана има 25 години. Таа наводно ги оставила зад себе деновите како манекенка, откако учествувала во реално телевизиско шоу каде што имала секс во живо, со друг натпреварувач, во базенот.

Медиумите во Русија објавиле дека поранешната мисица ги изненадила гледачите откако со чаша шампањ имала секс на „првиот состанок“.

Под единствен систем одржуван од независноста на Малезија од Велика Британија во 1957 година, девет наследни државни владетели се менуваат како кралеви за период од пет години.

Во соопштението, од палатата едноставно изјавиле: „Националната палата информира дека неговото величество поднесе оставка како 15-тиот крал, која се применува на 6 јануари.“

Оксана откако наводно го прифатила Исламот си го сменила името во Рихана и веднаш по венчавката заедно со новиот сопруг се упатиле кон клиника за оплодување бидејќи според некои извори многу сакале што побрзо да имаат деца.

Сподели на Facebook
пати видено