Жаклин Адес од Феникс се запознала со извршен директор на компанија од Скотсдејл преку веб-страницата Luxy, која се смета за страна каде што жените сакаат да се запознаат од милионери.
Жаклин, која работи како козметичарка и бизнисменот излегле само на еден состанок, но бидејќи мажот повеќе не бил заинтеренсиран ја прекинал комуникацијата. Тогаш започнал неговиот пекол.
31-годишната жена се обидувала да го контактира на секакви начини и дневно му испраќала по 500 пораки. Во текот на 10 месеци Жаклин му испратила над 159.000 пораки, од кои голем дел од нив биле садистички и заканувачки.
Некои од пораките гласеле: „Ќе направам суши од твоите бубрези и стапчиња за јадење од коските на твоите раце.“ Друга пак гласела: „Ох што би правела со твојата крв, би се капела во неа.“ А имало и пораки од типот: „Направи сѐ што можеш за да дојдеш тука, но не се обидувај да ме напуштиш. Ќе те убијам. Не сакам да бидам убиец“.
Бизнисменот ја пријавил жената уште во 2017 година, кога за прв пат почнале заканите и таа добила забрана за пристап. По одреден период повторно почнала да му праќа пораки, а ситуацијата ескалирала кога човекот случајно ги разгледувал камерите во неговиот дом и забележал дека жената често доаѓала до неговата куќа.
Неколку дена потоа, во април 2018, жртвата ја пронашла Жаклин како се капе во неговата бања. Тој повикал полиција, а кога ја прашале жената што прави таму таа им кажала дека си замислила во главата дека живее таму и дошла „дома“. Полицијата ѝ пронашла сатар во автомобилот и веднаш ја уапсиле.
Исто така Жаклин се појавила во фирмата на бизнисменот и се претставувала како неговата сопруга. Кога во полициската станица ја прашале дали е свесна дека човекот не сака да биде со неа таа одговорила дека е и дека е многу сладок и не ѝ била намерата да го исплаши. Жената сметала дека садистичките пораки биле смешни.
Моментално Жаклин е во притвор без кауција и го чека изрекувањето на пресудата во февруари.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!