Има речиси 3,8 милијарди жени во светот. И секоја е апсолутно уникатна и убава. Меѓутоа, меѓу нив има неверојатни жени кои се многу различни од останатите. Тие се единствени од разни причини.
Природата им дала извонредни способности, некоја се обидува да го промени својот изглед, следејќи ги измислените идеали за убавина. И најстарата жена на планетата го прослави 116-тиот роденден.
1. Најдолгите нозе
Американката Лорен Вилијамс има најдолги нозе во светот. Со висина од 190 см, нејзините нозе достигнуваат должина од 124 см, што е 65% од нејзиното тело. Во младоста, Лорен играла одбојка, а откако влезе во Гинисовата книга на рекорди, стана модел. Таа вели дека нема големи проблеми поради нејзините нозе, освен непријатностите во авионите и честите разочарувања во продавниците за облека.
2. Најтенката половина
Пикси Фокс пред операциите водела мирен живот Шведска, завршила факултет и работела како инженер во компанија. Но, таа сонувала да стане како Џесика Рабит. На неа ѝ биле потребни 125.000 долари и десетици операции. За да ја добие најтенката половина во светот Фокс отстранила 6 ребра и има половина од 36 сантиметри. Таа секогаш мора да носи корсет и да јаде течна храна.
3. Најголемата афро фризура
38-годишната Ејвин Дугас од САД може да се пофали со најголемата афро фризура со обем од 132 см. Таа кога била мала сакала да има права коса. Сега, со нејзиниот пример, таа инспирира други жени со темна кожа. Сепак косата ѝ создава непријатности, бидејќи за да ја измие ѝ е потребно едно шише шампон и 2 дена за природно да се исуши.
4. Шампионка без нозе
Ејми Малинз е американска спортистка, актерка и модел, учесник на Параолимписките игри во Атланта во 1996 година. Поради вродена хемимелија на возраст од една година, морале да ѝ ги ампутираат двете нозе под колената. За време на студиите на универзитетот, учествувала на натпревари, заедно со здрави спортисти и често постигнувала победи. Во 1999, таа дебитирала како модел на ревиите на Александар Меквин. И покрај нејзиниот инвалидитет, таа постигна голем успех и често обезбедува мотивирачки предавања низ целиот свет.
5. Најфлексибилната во светот
Јулија Гунтел е најфлексибилната девојка во светот. Јулија влезе во Гинисовата книга на рекорди поради прилично чуден рекорд: таа успеа да пукне 3 балони за 12 секунди со свиткување на грбот. Јулија има извонредна еластичност на тетивите, таа лесно може да влезе во кутија од 50 сантиметри со висина од 175 см. Сега девојката живее и работи во Германија под псевдонимот Злата.
6. Најсилната во светот
Од 16-годишна возраст, Анета Флорчик се занимавала со кревање на тегови, а во 2000 година станала шампион во Европа. Жената од Полска 4 пати по ред е победничка на натпреварот „Најсилната жена на светот“.
7. Најдолга коса
Должината на косата на Ксие Квипингт е речиси 6 метри. За да се постигне светски рекорд, жената не ја кратела од 13-годишна возраст. За да ја задржи убавината на нејзината коса, секој ден се грижи за неа.
8. Највисоката во светот
Сун Фанг е највисоката жена во светот. Нејзината висина изнесува 221 см. Девојчето е родено во Кина во 1987 година. Студирала на Економскиот факултет на Универзитетот Вухан и за 7 години работела во финансиска институција како раководител на сектор.
9. Најстарата жена во светот
Кејн Танака е најстарата личност во светот. Таа е родена во 1903 година. За време на Втората светска војна, таа продавала оризови колачи со својот сопруг. Откако нејзиниот сопруг починал во војната, Кејн продолжила да работи во продавницата и работела до 63 години. На возраст од 103 години, таа била дијагностицирана со рак, но жената била во можност да ја надмине болеста. На 2-ри јануари таа наполни 116 години.