Македонија, крајот на 2018.
Татко му телефонира на својот син, кој живее во Америка:
– Сине, треба да ти соопштам дека јас и мајка ти се разведуваме. 45 години маки доста е…
– Тато, не зборувај така! И тоа – баш пред Нова Година и Божиќ!
– Не можеме да се трпиме веќе сине. Тоа е! Но не смеам да ѝ се јавам на сестра ти. Полесно ќе биде ти да ѝ кажеш.
Очаен, синот ѝ се јавува на сестра си, а таа налутена вели:
– Како може да се разведуваат, на стари години? Остави на мене, јас ќе средам.
Таа веднаш му се јавува на татко си и му се развиква:
– Дали сте нормални вие бе!? Не може да се разведувате!!! Не доаѓа во предвид! Ништо не правете, додека јас и брат ми не си дојдеме!
Таткото задоволно го трга телефонот од увото, исклучува и ѝ се обраќа на жена си:
– Душо, се оди според планот. И двете деца ќе си дојдат за празниците и сами ќе си го платат патот!