Според еден научен труд сите луѓе со сини очи потекнуваат од еден заеднички предок кој живеел пред околу 7000 години кој се родил некаде во регионот на Црно Море и кој имал генетска мутација на сини очи.
„Генетската мутација која го погодува генот ОСА2 во нашите хромозоми резултирала со создавање на `прекинувач` кој буквално ја `исклучил` способноста да произведува кафеави очи“ – вели професорот Ханс Елберг од Одделението за клеточна и молекуларна медицина при Копенхашкиот универзитет.
Пр. Елберг го проучувал овој феномен уште од 1996г. и патувал до Турција, Јордан и Данска за да ја проучува сината боја на очите и да ги следи трагите до самиот почеток на оваа генетска мутација. Преку неговото проучување на ДНК на луѓе со сина боја на очите, професорот го открил местото на раѓање на синоокиот ген.
Генот ОСА2, кој е програмиран да произведува меланин одговорен за бојата на косата, кожата и очите е всушност ограничен во своето дејство, што е причина за сината боја на очите. Целосното отсуство на меланин причинува албинизам.
Па така сините очи се појавиле како прецизна варијација на генот ОСА2, а таа варијација првин се случила кај само еден предок. Но иако сините очи се појавиле како последица на генетска мутација, нема никаква индикација дека тоа има некаква врска со здравјето или подобрување или влошување на животните способности на поединецот. Овој ген не игра никаква улога во способноста за преживување.