Сите ние некаде имаме по некоја кутија стари предмети, но малку се вакви среќници, нивните предмети да бидат толку вредни. Обично не ни размислуваме за нивната вредност, но некои стари предмети со тек на време стануваат многу вредни за колекционерите. Тоа е токму она што му се случи на жител на Екатеринбург по име Владимир Шнајдер.

Владимир е пензиониран полковник, и целиот свој живот тој го поминал селејќи се од едно место на друго. Сега, на стари години, решил да се пресели во станот што го наследил од неговите родители во Екатеринбург, кој бил празен повеќе од 4 години. Кога завршил со преселбата, тој пронашол стари картонски кутии со лампиони, во кои имало повеќе од 100 парчиња.

Како што се испоставило, некои од колекционерите на стари украси биле спремни да платат суми и до 100.000 денари за лампиони од 50-тите години, а за постарите уште повеќе. Но, вреди да се напомене дека само една пукнатина на било која ретка играчка може да ја намали цената дури за 90%.

Неговите лампиони сега се проценуваат на околу 15.000 евра, но тој сепак решил да ги чува, бидејќи за 5-10 години тие можат значително да ја зголемат цената.

Сподели на Facebook
пати видено