Гордон Грејам од Единбург сакал многу да ја гледа емисијата The Detectorists на Нетфликс и добил инспирација и самиот да си купи детектор за метал и да почне да истражува.

Тој не се надевал дека оваа негово хоби ќе го однесе до неверојатно историско богатство. Тој на Островот Ман, кој се наоѓа во Ирското море, пронашол прстен стар 600 години.

Сребрениот и позлатен прстен е украсен со геометриски шеми и се верува дека е од 15 век. Сега е изложен во Музејот Манкс, а исто така го прогласиле за „богатство“.

„Навистина уживам во тоа. Можете да најдете многу лименки и шишиња, а понекогаш и да имате среќа и да пронајдете монети.“, вели Гордон, кој бил воодушевен откако го пронашол прстенот и веднаш го известил музејот и сопственикот на земјиштето.

„Беше многу убав. Се додека не се вратив дома и не ја објавив фотографијата на социјалните мрежи не дознав од експерти дека се работи за средновековен иконографски прстен.“, додава Гордон.

Алисон Фокс, куратор на археологијата во Националното наследство на Манкс, изјави дека прстенот може да датира до времето кога биле напишани првите Манкс закони во 1400-тите години.

Островот Ман е самоуправна територија на Британската круна. Островот бил келтска заедница од 1079 година. По низа промени на власта помеѓу кралевите на Англија и Шкотска, Ман потпаднал под феудална власт на англиската круна. Лордовството било приклучено кон Британската круна во 1764. година, но никогаш не станало британска територија, туку останало самоуправна јурисдикција.

Сподели на Facebook
пати видено