Психологот Шејн Фредерик го создаде најкраткиот тест за проценка на интелигенцијата. Во него има само 3 прашања, на кои што треба да одговорите што е можно побрзо.

Тој е специјализиран за студии кои се поврзани со тоа како луѓето донесуваат одлуки и избори, па дури и работел со нобеловецот Даниел Канеман. Обидете се и вие да одговорите на прашањата и да го решите тестот, а точните одговори ќе ги најдете на втората страна.

Прашања:

1. Ракетот за тенис и топчето заедно чинат 1 евро и 10 центи. Ракетот е 1 евро поскап од топчето. Колку чини топчето?

2. 5 машини за 5 минути произведуваат 5 предмети. За колку минути 100 машини ќе произведуведат 100 делови?

3. Во езерце растат лилјани. Тие се размножуваат прилично брзо и секој ден двојно ја зголемуваат областа на дистрибуција. Во текот на 48 дена езерцето ќе биде целосно покриено со лилјани. За колку денови лилјаните ќе покријат половина од езерцето?

Одговорите се на втората страна

Сподели на Facebook
пати видено