По разводот, таа останала сама со две момчиња во рацете и малку финансиска помош од нејзиниот поранешен сопруг. Имала избор или да живее во долгови со кредити и рати или да си изгради своја куќа со мал буџет. Таа го одбрала второто.

Наместо да троши години и години за да ја исплати хипотеката, Шарлот Шапел ги искористила своите вештини сета своја заштеда и одлучила сама, од нула, да изгради мала куќа.

Шарлот можела да купи поевтина куќа или да живее под кирија, но со две мали деца и толкав долг, сметала дека таквата комбинација би била премногу депресивна.
Таа била цврсто решена да добие покрив над главата, и живот без долгови.

Со помош на градежни вештини на кои ја научил нејзиниот дедо и мал заем, таа успеала да изгради удобен дом, идеален за трочлено семејство.

Малото парче земја на кое Шарлот ја изградила куќичката ѝ било наследство од нејзиниот дедо.

Дел од нејзината мала куќа била финансирана од продажбата на стариот мебел и апарати што не би се вклопиле во нејзиното ново мало живеалиште.

Таа исто така сфатила дека не им требаат толку многу работи за да бидат среќни.

Повеќето од 10-те илјади долари отишле за градежни материјали.

Шарлот речиси целиот мебел го купила во ИКЕА и супермаркетот Kmart и сама си го составила. Таа, исто така, посетила неколку гаражни продажби во нејзината област, купила добри парчиња стар мебел, кои ги обновила и украсила.

Нејзините синови, исто така, помагале во градењето.

Изградбата траела извесно време.

Семејството морало да живее во куќа која сеуште била во изградба, само со основните услови како што се водовод и тоалетот.

Можеби надворешноста на куќата изгледа така-така, но внатрешноста изгледа изненадувачки добро.

Малата куќа се состои од три соби: дневна соба (се состои од кујна и кревет на кој спие Шарлот), бања и посебна спална соба за момчињата.

Шарлот се чувствувала обврзана да им даде на своите момчиња свој простор.

Ова е нејзината спална соба, кујна и трпезарија

Поглед од нејзиниот кревет, каде што можете да ја видите кујната, бањата, дневната соба и трпезаријата.

Шарлот со куфери наместо шкафчиња.

Секој сантиметар простор во мала куќа треба да се користи мудро.

Иако живеат во мала куќа, нејзините момчиња сé уште успеваат да направат голем хаос :).

За среќа, немаат толку многу работи за чистење.

Шарлот ја изгради својата куќа, а сега е посветена да им помогне на други самохрани мајки кои се наоѓаат во нејзината ситуација.

Таа признава дека не научила ништо во училиште, но благодарение на поддршката на своето семејство, таа можела да научи сè.

Таа им изградила и штанд за продажба на сладолед за своите деца.

А од неодамна, таа работи на уште една слична мала куќа, која планира да ја продаде.

Невозможно е да не 1 се восхитувате на храброста и упорноста на оваа жена, која сама успеа да им обезбеди покрив над главата на своите деца.

Малата куќарка е прекрасна и инспиративна! Шарлот направи неверојатна работа, и со право може да се гордее со себе.

Сподели на Facebook
пати видено