Куче напуштено на пуста сибирска автобуска станица има нова сопственичка, со која ќе ги дочека празниците, откако залудно чекало околу 6 месеци, неговиот сопственик да се врати за да го земе.

Верното милениче не сакало да се откаже и кога температурита достигнале -30°C и се возбудувало само кога ќе забележело автомобили во сива боја.

„Ова е многу верно куче, мислиме дека неговиот непознат сопственик имал сив автомобил.“, изјавил локалниот земјоделец Сабиргали Бајсагуров, кој се обидел да го фати кучето, но не успеал. Кучето било напуштено оваа лето, додека на Сибир било потопло.

Во изминатите недели температурите драстично паднале, а локалното население му оставало храна на кучето, кое го крстиле Хачико, по легендарното јапонско куче, кое скоро 9 години го чекало сопственикот кој починал. Бидејќи не можеле да го фатат селаните му носеле храна на кучето, а иако му направиле и куќичка, тоа претпочитало да лежи на слама, која му ја носеле локалните пензионери.

Сепак кога температурите паднале на -30°C храната која му ја носеле селаните замрзнувала уште пред да му ја дадат. Приказната за него била објавена во локалните медиуми и екипа за спасување на животните дошла во малото село за да го спасат кучето чија верност ќе го однесе во смрт.

Спасувачите се намачиле додека да го фатат и морале да фрлат ќебе врз него за да го внесат во комбето. Ирина била дел од тимот на спасувачи и таа решила да му даде топол дом на кучето. Сега Хачико живее заедно со кучето на Ирина, Бетовен и нејзините две мачки Маруша и Иван Иванович.

Ирина вели дека кучето сега конечно е среќно и весело во својот нов дом и дека одлично ќе си поминат за празниците.

Сподели на Facebook
пати видено