Неодамна, робот налик на човекот се појави на руските екрани, привлекувајќи го вниманието на луѓето кои ја сакаат научната фантастика и роботиката. ТВ-каналот „Русија 24“ направи прилог од форумот за роботика „Proyektoria technology forum“ и се фокусираше на еден конкретен предмет – човечки робот.
Видео снимката ја прикажува машината наречена „Борис“ која извршува различни задачи, од едноставни движења до напредни маневри.
Роботот брзо реагира на прашањата што ги поставува водителот, како и покажува напредни когнитивни функции и формулирање на логички одговори. Тој станал голема атракција за време на форумот и многу луѓе го сликале и правеле селфи со него.
Но, луѓето на интернет станале сомнителни за способностите на „Борис“. Многумина се прашуваа како Русија направи таков скок во роботиката без никакви меѓу-чекори. Други истакнале дека роботите досега направени не се движат толку „човечки“ како Борис.
Колку повеќе почнале луѓето да се сомневаат, толку повеќе докази наоѓале. И додека може да се каже дека совршеното движење би било можно, сепак човечкиот врат кој се гледа „во роботот“ со сигурност не може да биде нова „надградба“.
За шегите на сметка на роботот да бидат уште поголеми на Инстаграм се појави фотографија од човек облечен како робот, истиот како од форумот за роботика.
Излегува дека „Борис“ од форумот е всушност човек облечен во костим наречен „Роботот Алеша“ направен од Show Robots кои се специјализирани за создавање реални костими на роботи за посветени обожаватели на научната фантастика.
Костимот чини околу 4000 долари, тежи 10 килограми и има вграден менувач за глас, звучници, електрични ладилници и многу повеќе. Иако е скап сепак е поевтин од вистински робот, зарем не?
По исмевањето и реакциите што ги добиле на интернет, претставниците на форумот изјавија дека никогаш не кажале дека Борис е вистински робот. Не е јасно зошто „Русија 24“ го претстави Борис како робот, но испадна дека не можат толку лесно да ги измамат луѓето.