Џорџ Мајкл „доделува“ донации во добротворни цели иако почина на 25 декември 2016 година. Но, сепак сѐ уште нема надгробната плоча за одбележување на неговиот гроб во северниот дел на Лондон.
Сепак Џорџ очигледно одлучил и по неговата смрт парите да одат на местата каде што се најпотребни.
NSPCC Детска линија и добротворната организација за СИДА во Лос Анџелес соопштија дека повторно добиле пари од Wham!, организација во сопственост на пејачот. Исто така организацијата Project Angel Food добиле донација, која Џорџ им ја давал уште од 1993 година.
Говорејќи по неговата смрт, извршниот директор Ричард Ајуб изјавил: „Неговата тивка великодушност ни помогна, од година во година и донесе толку многу добрина на илјадници луѓе што ги служевме“.
Обожавателите упатија критики кон фактот дека и по 2 години не му е направена сосодветна надгробната плоча на пејачот чии добротворни добрите дела не излегоа на виделина се до неговата смрт. Сепак некои од нив сметаат дека Џорџ водел скромен и приватен живот и не би сакал ништо грандиозно.
По смртта на Џорџ беше откриено дека тој подарувал пари и на луѓе кои случајно ги забележувал, како на пример дал 15.000 фунти на жена која ја видел на телевизија на шоу во кое учествувала за да земе пари потребни за третман на вештачко оплодување и исто така дал 5.000 фунти на бармен кој имал студентски долг.