Полугол дилер на дрога бил носен долж улицата од насмеан полицаец, откако скокнал од прозорецот, додека се обидувал да избега од полицијата.

18-годишниот Рис Вилијамс се пожалил дека не може да оди бидејќи го болат нозете, па затоа еден силен полицаец решил да му помогне.

Тинејџерот бил уапсен поради тоа што бил дел од банда која го преплавила северен Велс, со хероин и кокаин. Тој заедно со девет други членови бил уапсен во голема операција на полицијата. Рид добил нешто повеќе од 2 години затвор за своето дело.

Полицијата долго време ја пратела бандата, составена од млади луѓе од 18 до 24 години, и за време на апсењето пронашле кокаин во вредност од 18.000 фунти и хероин во вредност од 5.000 фунти.

Сподели на Facebook
пати видено