Мајка дијагностицирана со смртоносен рак, откако немала симптоми, пишува Божиќни честитки за нејзините деца кога повеќе нема да биде меѓу живите.

37-годишната Лаура Аткинсон од Англија ги добила ужасните вести во 2014 година, кога ѝ кажале дека има окуларен увеален меланом во четврта фаза, додека била на рутински преглед на очите.

И покрај тоа што имала операција за отстранување на туморот додека била бремена со синот Дилан, ракот на Лаура се проширил на црниот дроб. Таа сега е очајна да остане жива до септември 2019 година, за да го однесе синот Дилан на неговиот прв училишен ден.

Лаура, која исто така е мајка на ќерката Фај, моментално добива пионерски третман од болницата во Шпир Саутхемптон. Лаура вели: „Само сакам да го однесам мојот син на првиот училишен ден. Сакам да се приближам до септември следната година колку што можам. Се надевам дека овој третман ќе ми даде повеќе време. Без него нема да успеам ниту до Велигден. Ако можам да успеам до септември, а сѐ потоа е бонус со моите деца.“

Жената вели дека сега се обидува да помине што е можно повеќе време со нејзините две деца и сопругот Кит. Таа почнала да пишува Божиќни честитки, а планира да напише и роденденски, за да остане во животите на нејзините две деца и кога физички нема да биде присутна.

Лаура вели дека на почетокот кога дознала за сериозноста на нејзината болест била многу лута, затоа што ќе треба да ги напушти децата, но вели дека сега е смирена и ја сфатила ситуацијата, но и понатаму продолжува да се бори.

Сподели на Facebook
пати видено