Круговите во житата се главен дел од теориите на заговор, така што уметничките креации често им се припишуваат на слетувања на НЛО или сложени форми на вонземјанска комуникација.
Затоа замислете ја возбудата на луѓето низ светот кога биле забележани неверојатни геометриски дизајни, направени не во поле со жито, туку од големи зрели јапонски кедри.
Каков вид на вонземско волшебство е ова? За жал, за оние кои сакаат да поверуваат, има совршено логично, а сепак интересно објаснување дека овие форми потекнуваат од планетата Земја.
Во 1973 година, научниците започнале проект во „експериментално шумарство“, со цел да се запознаат со растојанието помеѓу дрвјата и ефектот врз растот. Тие засадиле кругови на кедри во близина на Ничинан Сити во префектурата Мијазаки, со помали внатрешни кругови кои постепено се проширувале во поголеми радиуси за да создадат 10 совршени прстени.
Како што можете да видите на фотографијата подолу, експериментот покажува јасни резултати. Конкавната форма сугерира дека надворешните кругови со најмала густина промовираат повисок раст, при што големината на дрвото станува постепено помала, бидејќи густината се зголемува.
Има смисла нели? Повеќе простор е еднакво на помалку конкуренција за ресурси како што се вода и сончева светлина, така што полесно е овие надворешни дрвја да растат поголеми и посилни, додека оние однатре да се борат меѓу себе.
Според еден документ од Јапонското Министерство за земјоделство, шумарство и рибарство, евентуалната висинска разлика помеѓу најмалите дрвја во центарот и највисоките дрвја на надворешниот прстен била над 5 метри.
Дрвјата наскоро треба да бидат исечени и експерименот да се затвори. Но интересот за оваа прекрасна глетка е толку голем што постои можност овие кругови да станат туристичка дестинација.