Поранешниот претседател Џорџ Х.В. Буш, кој почина пред околу 2 недели на 94-годишна возраст, пишувал срдечни писма до мало момче од Филипините кое тајно го спонзорирал 10 години.
Писмата на Буш биле испратени до Тимоти, кој имал седум години кога го добил првото писмо од 41-от претседател на 24 јануари 2002 година.
„Драг Тимоти, сакам да бидам твоето пријателче за допишување. Јас сум стар човек, имам 77 години но ги сакам децата; и иако не сме се запознале, те сакам веќе. Јас живеам во Тексас – јас ќе ти пишувам од време на време. Среќно.“ пишувал Буш, под псевдоним.
Буш и Тимоти се поврзале преку Compassion International, христијанска непрофитна организација која им помага на децата во сиромашните заедници од целиот свет.
Според профилот на Тимоти, кога имал седум години, им помагал на родителите околу нивниот дом, „купувајќи или продавајќи на пазарот, извршувајќи домашни задачи и чистење.“ Тимоти исто така како дете уживал во кошарката, уметноста и пешачењето.
Во некои писма Буш му давал знаци на Тимоти дека тој е поранешен претседател, а го прекршил протоколот за безбедност кога му испратил на момчето слика од неговото куче Сејди. Момчето исто така му пишувало писма на претседателот за тоа колку е благодарно и му цртало цртежи, а за возврат Буш му праќал моливи и боици.
На крајот Тимоти завршил средно преку програмата и дури потоа дознал кој бил неговиот пријател за допишување. Сега тој има 25 години и живее „успешен живот“.