Ванчалеон Јамнеапхол е Јутуберка од Тајланд која направила „голема“ грешка. Таа го критикувала синиот фустан кој го носела тајландската убавица, Софида Канчанарин, на церемонијата во провинцијата Нетабури.
Бидејќи изјавила дека фустанот е „грд“ девојката добила кривична пријава. Но, сето ова не би се случило доколку фустанот не бил дизајниран од „посебна“ личност.
Фустанот бил дизајниран од страна на 31-годишната ќерка на кралот, принцезата Сириванавари Нариратана. Тајландскиот закон забранува критикување на монархијата. Тајландскиот тајкун Китџанут Чаијосбуранто поднесе обвинение против интернет-ѕвездата, откако изјавил дека се однесувала неодговорно.
Јутуберката ја избришала објавата и јавно се извинила затоа што ја навредила принцезата и исто така додала: „Јас едноставно не ги знаев целосните последици од моите постапки преку моите мислења и коментари, што предизвикаа штета на Вашето Кралско Височество и монархијата.“
Сепак нејзиното извинување не било прифатено и кривичната пријава била проследена. 31-годишната принцеза е најмладото, 5-то дете на кралот на Тајланд (на фотографиите погоре). Студирала мода и текстил на Факултетот за ликовна и применета уметност на Универзитетот Чулалонгкорн и студирала мода во Комората Syndicale de la Couture Parisienne.