На 07.02.2015 ( Сабота ) и 08.02.2015 ( Недела ), Скопје ќе биде домаќин на првиот од ваков вид меѓународен билијард турнир одржан во метрополата во новоотворениот Билијард и Снукер клуб “ОСМИЦА“ (Комплекс на My Market во Аеродром)
Турнирот започнува во сабота во 09:00 часот наутро и трае се до доцните неделни часови кои се резервирани за големото финале!
Влезот во клубот овие два дена ќе биде отворен за сите заинтересирани кои би сакале да го погледнат ова натпреварување.
Низ овој дводневен турнир, на кој ќе учествуваат повеќе од шеесет натпреварувачи, Скопје ќе има можност да проследи високо професионална игра на мајсторите во овој спорт кои ќе се натпреваруваат во дисциплината „Деветка“.
Со оглед на квалитетот на учесниците, тешко е да се каже кој е фаворит на овој натпревар, ќе мора да се проследи до крај за да се види кој од сите овие великани на билијардот на Балканските простори ќе го освои овој турнир, кој ќе се игра до касни саати во недела вечер.
Организарторот, клубот “ОСМИЦА“ уште во својот прв обид за организирање на турнир од вакви размери, успеа да го приреди најголемиот и најдобар турнир во билијард кој досега се одржал во Скопје.
Играчите кои клубот “ОСМИЦА“ успеа да ги собере на едно место за оваа манифестација, се играчи кои на најпрестижните турнири на Балканот имаат освоено десетици шампионати.
Една од главните ѕвезди на турнирот е Еклент Каци од Албанија , освојувач на две европски медали од 2014 година кој се одржа во Порторож , Р. Словенија а има само 17 години. Младиот мајстор на играта има освоено десетици турнири во регионот . Покрај овај млад билијард мајстор од Албанија доаѓаат уште двајца Албански играчи како претставници од оваа земја.
Силна билијард екипа доаѓа и од Р. Србија составена од Мартин Мартинович од Чачак , Кристијан Хамзовски и Мирослав Стојановиќ од Лесковац , Дејан Станковиќ , Дејан Тасиќ и Зоран Крстиќ од Врање Р. Србија .
Косово исто така ќе се претстави со својата најсилна екипа во состав на десеттина играчи воглавно од Приштина на чело со Бедри Сијарина како најистакнат и најтрофеен играч кој ни доаѓа од соседството по кој следат : Лабинот Маркај , Фатон Бајгора , Ваљон Гаши , Илир Дибра , Насер Бајрами и т н.
Домаќините голема надеж полагаат на македонскиот двоец Нове Сарафимоски од Струга и Дејан Сипковски од Скопје како најактивни и најтрофејни во последниве три години како дома така и надвор од земјава. Па ни преостанува да видиме како ќе се представат овие играчи на домашен терен.
Ни претстои забавен и несекојдневен викенд. Ако сте љубители на билијардот и квалитетна забава повелете во клуб ,,ОСМИЦА” , 07 и 08 Февруари .