Валериј Спиридонов се пријави за трансплантација на главата, која требаше да биде извршена од страна на италијанскиот лекар, Сергио Канаверо, познат како „Доктор Франкенштајн“.
Сега докторот продолжил да работи на операцијата во Кина и му ја откажал операцијата на 33-годишниот Валериј, но тој реши да си го продолжи животот во Флорида, заедно со неговата прекрасна сопруга и новиот син.
Г-дин Спиридонов, компјутерски експерт кој две години работел со д-р Канаверо, признал во јуни минатата година дека завршил сонот дека главата ќе му се пресади на ново здраво тело. Валериј верува дека „нешто тргнало во погрешен правец“ откако останатите научници почнале да ги осудуваат тврдењата на Сергио.
Спиридонов сега живее во САД, каде што студира компјутерска аналитика на Универзитетот во Флорида. Во неодамнешна објава на социјалните медиуми, тој откри дека е придружуван во САД од страна на неговата сопруга Анастасија Панфилова и нивниот син.
На фотографијата е прикажан гордиот татко, кој страда од форма на ‘рбетна мускулна атрофија која често води кон краток животен век, како го држи својот син. Неговиот син, роден пред шест недели, е здрав и Валериј ова го смета за „чудо“ бидејќи состојбата може да се наследи.
Неговата сопруга која има магистратура по хемиска технологија и претходно студирала во Италија, била подложена на тестови за време на бременоста.
Валериј за својата сопруга вели: „Живеевме во истиот град, и често се сретнавме во професионални средини, и наскоро сфативме дека се чувствувавме навистина добро заедно. Таа има неколку дипломи. Се венчавме пред повеќе од една година во Москва.“