Арја Пермана, на 10-годишна возраст беше сметано за најдебелото момче во светот бидејќи тежеше над 190 килограми. Момчето од Индонезија јадело ориз, риба, говедско месо, супа со зеленчук и други јадења, доволни да нахранат двајца возрасни луѓе.
Тој не можел да се движи и деновите ги поминувал во базен за да може да се излади. Арја се родил како „нормално“ дете, но неговиот апетит почнал да расте кога наполнил 2 години. Пред 2 години Арја решил да го смени својот живот.
Момчето сега има 12 години и тежи 95 килограми, благодарение на посебна диета. Арја планира да продолжи да слабее бидејќи има желба да стане фудбалер. Сега тој конечно може да се игра со своите врсници, пешачи по неколку километри секој ден и игра бадминтон.
Претходно родителите на Арја морале да позајмуваат пари од пријателите и роднините за да можат да купат доволно храна за нивниот син, но сега Арја нема потреба од толку многу храна и повторно оди на училиште.
Возбудениот Арја вели: „Сега сум среќен, можам да одам. Можам да играм исто така. Станав поагилен од порано. Го сакам фудбалот. Можам да пешачам 5 километри со моите пријатели и секое попладне играм фудбал со нив. “Сакам да бидам професионален фудбалер. Мој омилен фудбалски клуб е Ливерпул и мојот омилен играч е Роберто Фирмино. Сакам да играм како него.“
Момчето ќе продолжи со својата диета сѐ додека не го доведе телото во соодветната форма.