Кен Ватсон живеел сам во својата куќа во Бери, Англија откако неговата сопруга починала во 2012 година. Тој иако имал деца, немал внуци и многу го засакал 2-годишното девојче, Карди Вилијамс, кое живеело во соседната куќа.
Пензионираниот нуркач имал повеќе хобија, но сепак омиленото му било да ја гледа малата Карди како расте.
87-годишниот Кен починал пред неколку недели, а кога неговата ќерка, Џени дошла да ја расчисти куќата пронашла нешто што многу ја изненадило. Кен купил подароци за малата Карди кои нејзините родители ќе можат да ѝ ги подаруваат додека да наполни 16 години.
Кога ќерката на Кен им ги однела подароците родителите на Карди, Овен и Каролин се расплакале. Тие велат дека нивната ќерка многу го сакала старецот затоа што тој добро се однесувал со нивното куче и секогаш му давал бисквити.
Кен им велел дека многу би сакал да доживее 100 години за да ја види Карди кога ќе порасне. Ќерката на Кен, Џени, не знае дали нејзиниот татко ги купил подароците одамна или пак непосредно пред смртта. Семејството Вилијамс ќе ја испочитува желбата на соседот и во наредните години секој Божиќ ќе ѝ даваат по еден подарок од Кен на Карди.