Марк Роберт работи како инженер во НАСА и неодамна му украле пакет кој бил доставен до неговата адреса. Кога пријавил во полиција му кажале дека случајот „не вреди да се истражува“, иако Марк го снимил крадецот на своите надзорни камери.
Изреволтиран, инженерот на НАСА решил да им спреми на крадците изненадување кое никогаш нема да можат да го заборават и сето тоа го снимил на камера.
Тој дошол до идеја да направи лажен пакет направен да изгледа како Apple HomePod, доставен од Амазон. Сепак неговата цел не била само да ги измами крадците, туку и да им подготви добра одмазда. Пакетот имал вградено GPS, 4 камери и кога некој ќе го отвори „експлодира“ чашата со светки, а по неа и спрејот со „прдеж“ емитира смрдеа на секои 30 секунди по отворањето.
Од видеото можете да видите дека крадците „не се баш“ задоволни од малото „изненадување“ кое им го подготвил Марк.