Големите плати и флексибилните работни часови предизвикале стотици млади жени да земаат улоги на градилиштата, принудувајќи промена во индустријата со мажи. Благодарение на градежниот бум, се повеќе млади жени се одлучуваат за оваа професија.

Жените најчесто работата како контролори на сообраќајот за време на градежните работи и го добиле прекарот „дами лижавчиња“.

„Работата како контролор на сообраќајот не може да биде сон на секоја девојка, но работата е одличен начин да ја добиете посакувана плата.“, вели Бетани Лилфорд.

Бетани која сега е менаџер на контролорите на сообраќајот вели дека почнала да се занимавата со оваа работа додека студирала прихологија и ѝ биле потребни флексибилни часови и добра плата. Таа ги охрабрува младите жени да се занимаваат со оваа професија.

Денес во Сиднеј на секој чекор можат да се видат млади девојки како се занимаваат со оваа професија. Жените можат да заработуваат од 26 до 60 долари на час. „Барав промена во животот, работев како учителка, но оваа работа многу повеќе се исплатеше.“, вели една од вработените.

Ејми Даунсет заработува 130.000 долари годишно откако се приклучила на оваа професија. Член на градежничка, шумарска, рударска и енергетска унија заработува над 40 долари на час, а исто така добива надоместок за патување од 45 долари на ден и додаток за оброци од 22 долари.

Во зависност од големината на проектот, таа исто така добива надоместок за градилиштето помеѓу 2,10 и 3,95 долари на час. И ако работи повеќе од 10 часа на градилиштето на Пенрит, таа добива двојно.

Работата обично вклучува казнени стапки, надоместоци и пензија. Платата е оправдана, сепак, велат инсајдерите на индустријата, бидејќи контролорите на сообраќајот мора да стојат надвор во сите временски услови и тие генерално се подложени на злоупотреба од страна на граѓаните.

Сподели на Facebook
пати видено