Еден витез требало да замине во војна. Тогаш тој ѝ ставил метален девствен појас на својата жена и го повикал најдобриот пријател:
– Пријателе, тебе најмногу ти верувам од сите мажи во кралството. Еве ти го клучот од девствениот појас од жена ми. Отклучи го само ако загинам во војната. Никогаш не сум се посомневал во твојата чесност.
Тргнал витезот и по некое време слушнал коњски тропот од позади. Другарот го збоднал коњот со цела сила за да го стигне и му рекол:
– Сер, одвај ве стигнав. Сте ми дале погрешен клуч!