– Ајде, касни едно доматче за мама.
Џвакање и тишина…
– Ајде сега, една краставичка за тато!
Џвакање и тишина…
– А сега и едно саламче за дедо.
– Тато доста бе! Веќе сум триесет години!
– Абе, знам дека си триесет, ама крајно време е да научиш да мезиш додека пиеш!