Еден мој пријател доби награда 2 билети за финалето на Лига на шампиони 2019. Сѐ уште не се знае кои се финалистите, но се работи за Финале на лига на шампиони! Билетите се веднаш над клупата за резервни фудбалери, па ќе може и фудбалерите да се видат одблизу. Но има еден проблем. Другар ми точно на тој ден прави свадба. Ако сте заинтересирани и сакате да отидете место него, адресата е соборен храм Св. Климент Охридски во Скопје, од 14:00 на 1 јуни 2019. Таа се вика Ирена и ќе носи бел, невестински фустан.