Натали Риверс, од Англија, имала „навика“ да се „спријателува“ со постари мажи и потоа да ги ограбува. Но, овој пат за малку ќе го уништела животот на 58-годишен маж.

Таа се запознала со него преку веб страна за запознавање Plenty of Fish и се преправала дека е заљубена во него, а откако поминала една ноќ во неговиот стран го открила своето вистинско лице.

Мажот ја оставил 35-годишната Натали во својот стан наредното утро откако ја поминале ноќта заедно. Измамничката ја искористила оваа прилика да му ја украде животната заштеда од 3.300 евра. Потоа таа си заминала дома и го блокирала на социјалните мрежи и неговиот број.

Човекот решил да ја пријави во полиција за кражба, а Натали која првин тврдела дека всушност човекот ѝ плаќал 200 евра за една ноќ со неа, потоа изјавила дека човекот ја „силувал“. 58-годишниот маж бил приведен и испрашуван во врска со силувањето.

Во својата изјава тој рекол дека паднал во депресија и му било физички лошо откако бил лажно обвинет за силување. Сепак по спроведената истрага полицијата заклучила дека на Натали не ѝ е прв пат да прави ваков вид на измама и добила 20 месеци казна затвор.

Сподели на Facebook
пати видено