Мајк Керол од Лонг Ајланд, САД отсекогаш сакал да знае што се случило со неговиот татко, особено кога неговиот очув кој го израснал починал на почетокот на оваа година.
Тој решил да побара помош од јасновидец и ловци на духови за да ја разоткрие мистеријата, но не очекувал дека вистината е толку страшна.
Таткото на Мајк, воен ветеран, исчезнал во 1961 година без трага, која Мајк имал само 8 месеци. Сите сметале дека тој ја напуштил сопругата и нивните 4 деца. Мајката на Мајк му раскажала дека неговиот татко излегол да купи цигари и оттогаш му се губи секоја трага. Сепак ова не било доволно за 57-годишниот човек и тој решил со помош на натприродното да го истражи случајот.
Јасновидецот кој го најмил му кажал дека треба да копа во подрумот на неговата семејна куќа и дека таму ќе ја пронајде вистината за неговиот татко. Човекот го послушал советот и го прекопал подрумот. Во подрумот пронашол целосен скелет од маж. Откако го предал скелетот на полицијата, официјално било заклучено дека се работи за Џорџ Керол, таткото на Мајк.
Шокираниот Мајк не знаел како да ја објасни целата ситуација. Неговиот свет целосно се срушил кога му кажале дека татко му починал од „удар со тап предмет во главата“.
За жал најверојатно убиството на Џорџ нема никогаш да се расветли бидејки мајката на Мајк, Дороти е почината, а неговиот очув, Ричард Дарес (на фотографијата подоле), починал на почетокот на оваа година.
Сега Мајк заедно со неговите браќа и сестри организира воен погреб за нивниот татко кој се борел во Кореја.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.