Со широко отворени очи и размрдани опавчиња четири кучиња го чекале својот сопственик пред вратата на болицата додека тој бил внатре на терапија за неговата болест.
Фотографијата ја направила медицинска сестра од болницата во Бразил, затоа што била многу трогната од гестот на верните пријатели.
Нивниот сопственик Цезар, кој е бездомник, изјавил дека тој првин сака да ги нахрани кучињата, а потоа се храни себе, откако персоналот го прашал како кулињата изгледаат добро ухранети. Медицинската сестра Крис Мамприм, која ја направила фотографијата вели дека кучињата биле многу „културни“ и чекале и лежеле пред вратата се додека не биле повикани од персоналот на влезат за да го поздрават сопственикот кој излегувал од болницата.
„Едноставна личност, без луксузи, која зависи од помошта да го совлада гладот, мразот, болката, злобата на овој свет, ги има најдобрите придружници и љубовта е заемна. Не знам каков е неговиот живот, затоа што живее на улицата, но се возхитувам на љубовта и почитта која ја добива и поради која вака го чекаат пред вратата.“, вели Крис.
Откако прегледот и третманот завршиле Цезар си заминал од болницата заедно со неговите пријатели.