Убиец е лице кое незаконски убива друго лице, нели? Погрешно! Според одредени закони, едно лице не треба да убие друго лице за да биде уапсено и обвинето за убиство.
Всушност, тие дури и не треба да бидат на местото на убиството. Овие „убијци“ обично се обвинуваат со контроверзни закони што ги сметаат за одговорни за убиствата.
5. Лекит Смит
Во 2015 година 16-годишниот Адонте Вашингтон починал во престрелка со полицијата на Алабама, САД. Тој бил дел од 5-члена банда која ограбувала куќи. Додека бегале со автомобил едно од момчињата пукало во полицаец и полицијата возвратила и го убила Адонте. Но, сепак за смртта на Адонте бил обвинет друг член на бандата, 15-годишниот Лекит Смит.
Тој добил 30 години казна затвор за убиството на Адонте и 35 години за насилна кражба, затоа што не ја прифатил спогодбата како другите членови на бандата која изнесувала 25 години. Според законот на Алабама криминалец може да се гони за секоја смрт што се случила за време на кривичното дело иако тие не го убиле лицето.
4. Мервин Бетис
36-годишниот Мервин сакал да украде нешто од продавницата Таргет во Флорида. Тој бил фатен од Расел Хорнер кој работел како чувар во продавницата. Откако му ставил лисици на Мервин, Расел доживеал срцев удар и подоцна починал.
Мервин бил осуден за убиство од трет степен, затоа што во Флорида освен истиот закон како во Алабама, важи и закон дека лице се осудува за убиство од трет степен за време на ненасилен криминал. Мервин добил затворска казна од 5 години за убиство кое никогаш не го извршил.
3. Рајан Хол
Рајан Хол е во затвор за убиството на 18-годишната Џесика Шнајдер иако бил 2,4 километри од местото во моментот кога се случило убиството. Тој бил осуден за убиството затоа што му го позајмил автомобилот на неговиот цимер Били Ален. Били и неговата банда со тој автомбил отишле во домот на Џесика каде што член на бандата, Чарлс Милер ја убил.
Откако биле фатени од полицијата сите добиле доживотна казна затвор вклучувајќи го и Рајан. Членовите од бандата тврделе дека му кажале на Рајан дека ќе ја убијат Џесика доколку е дома, но Рајан се правдал дека мислел дека се шегуваат. Казната на Рајан подоцна била намалена од доживотна на 25 години затвор.
2. Тевин Луис
Тевин Луис и Маркис Сампсон од Чикаго биле најдобри пријатели и крадци. Тие украле 1.200 долари од ресторан и почнале да бегаат од полицијата. Тие се разделиле и иако полицијата не успеала да го фати Тевин, го пронашле Маркис и за време на потерата го застрелале и убиле на место.
Тевин подоцна дошол на местото на престрелката и бил уапсен затоа што ја ПРЕМИНАЛ ПОЛИЦИСКАТА ЛЕНТА. Полицијата првично го уапсила за несоодветно однесување и дури во станицата заклучиле дека тој е соучесникот на Маркис. Тевин добил 32 години затвор за грабеж и 20 години за смртта на Сампсон.
1. Џастин Дојл
Џастин имал 15 години кога тој и неговите пријатели провалиле во куќа за која мислеле дека празна во Илиноис. Но, сепак во куќата имало гостин кој кога видел како момчињата крадат оружје го застрелал и го убил 14-годишниот Тревис Кесл.
Гостинот не бил обвинет за убиство, туку Џастин Дојл. Дури ни третиот тинејџер Нејтан не бил обвинет за убиство, само Џастин. Законот е многу контроверзен, бидејќи лицето обвинето за убиството не мора да биде присутно на местото на злосторството. Џастин добил казна затвор од 30 години, додека Нејтан добил полесна казна од 5 години.