Со мажот ми имаме шифра за пред децата:
– Кога сакам с*кс, свирнувам и тој доаѓа…
– А кога тој сака?
– Доаѓа и ме прашува „Жено, свирна ли или така ми се причини?“
– – – – – – –
Учителката:
– Деца, нацртајте јајца.
Зоки Поки си ја ставил раката во џебот, а Лидија веднаш извикала:
– Учителке, учителке, Зоки препишува!
– – – – – – –
– Петров, зошто доцните на работа?
– А вие зошто доцните со платата?
– Но нели сепак ви ја исплаќаме платата.
– Па и јас сепак дојдов.
– – – – – – –
– Кашлате ли?
– Да.
– Кашлицата сува ли е?
– Кашлицата е сува, ама гаќите не се…
– – – – – – –
– Сакате ли да водиме љубов?
– Не, благодарам, јас веќе си имам сопруга.
– Сакате да кажете дека ако некој ви предложи Мерцедес вие ќе одговорите „Не благодарам, јас веќе си имам Југо!“
– Извинете, но вие ми предлагате второ Југо!
– – – – – – –
Заљубен пар се бакнува
– Ти купи ли презервативи?
– Не!
– Тогаш што се лапаш како да си купил…
– – – – – – –
– Четири литри точено пиво ве молам.
– А си носите ли сад во кој да ви го налеам?
– Со садот разговарате…
– – – – – – –
– Боже! – извикал един маж кон небото.
– Зошто сите девојки се мили, нежни и добри, а кога ќе ни станат жени се претворат во кучки?
Господ одговорил:
– Затоа што девојките ги создавам јас, а жени ги правите вие!
– – – – – – –
– Комшо, комшооо!!! Излези да те прашам нешто!
Компијата излегува.
– Да те прашам, нели кај вас мајсторот го нареди паркетот за 2 дена, а кај нас истиот мајстор за иста квадратура го реди веќе втора недела! Имаш ли идеја зошто?
– Е па мојата ќерка има 3 години, а твојата 18!
– – – – – – –
– Ало жено, на која програма да ја вклучам пералната за да си ја исперам блузата?
– Тоа е лесно. Што ти пишува на блузата?
– МИЛЕ КИТИЧ!