Грешки се случуваат и често може да прочитаме печатни грешки во весниците, на порталите, па и на телевизијата и ние не сме исклучок од тоа. Но, понекогаш една мала грешка може да ја смени реченицата и да ја однесе во сосема друг правец.
На еден весник од Џејмстаун, САД му се случи токму ова. Навидум обичниот наслов за познатата актерка Џулија Робертс стана мета на „тролање“ поради печатна грешка. Или можеби не е?
Во текстот била целта да се пофали актерката за нејзините нови филмови, а насловот гласел: „Џулија Робертс смета дека животот и нејзините ДУПКИ стануваат подобри со годините“! Наместо „holes“ (дупки), требало да стои „roles“ (улоги). Но, оваа една буква била причина за многу интересни коментари од луѓето низ целиот свет. Еве неколку од нив:
Весникот се извинил и објавиле исправка на насловот, но било премногу доцна, затоа што шегите веќе вирално се ширеле на интернет.