Келнерите-роботи не се нов концепт во технолошката сфера. Тие веќе се користат во неколку кафулиња, како што е ресторанот Науло во Непал, кој има вработено три хуманоидни келнерки наречени „Гинџери“.
Сепак, стартап компанијата Ory Lab го однесе овој концепт на сосема ново ниво.
Овој месец, кафулето Dawn Ver Beta беше отворено во Токио, Јапонија. Во кафулето се користеле роботите на Orly Lab, кои ги служеле гостите, а најбрилијантниот дел е што сите роботи биле далечински контролирани од лица со тежок инвалидитет, со единствена цел да им се помогне да се здобијат со поголема независност во нивните животи.
Имало 10 вработени во кафулето. Вработените страдале од болести како што се амиотрофична латерална склероза (ALS) и други повреди на ‘рбетниот мозок. Тие управувале со роботи од 120 сантиметри наречени OriHime-D, од нивниот дом и биле платени 1.000 јени (9 долари) на час.
Роботите биле контролирани со помош на компјутер кој ги следи движењата на очите на лицата што лежат на креветот. Тоа им овозможило да ги движат роботите, да ги собираат предметите и да разговараат со клиентите. Во основа, луѓето со тежок инвалидитет имале можност да ги користат овие роботи како „прокси“.
„Сакам да создадам свет во кој луѓето кои не можат да ги движат нивните тела можат да работат“, изјавил Кентаро Јошифуџи, извршен директор на Ory Lab. Inc.
Сепак, ова кафуле, како што сугерира името, било само во бета фаза неколку недели. Креаторите сè уште собираат средства за трајно отворање на кафулето во 2020 година.