Лола Астанова е родена во Узбекистан, сега има 33 години и живее и работи во САД. Таа без проблем го свири дури и Рахмањинов, кој во музичките кругови е познат како екстремнот тежок за изведба. Лола на настапи се појавува во тесни, разголени фустани и многу високи потпетици, што го комплетира уживањето на публиката.
Популарноста на социјалните мрежи исто така не изостанува. Таа има половина милион следбеници на Инстаграм и стотици илјади на другите социјални мрежи.