100% интегралниот леб на Жито Лукс е комбинација од интегрално пченично и интегрално ’ржано брашно. Ефектот на диететските влакна од интегралните брашна е дополнет со додаден пребиотик- растителни влакна од акација.

Пребиотици се вид растителни влакна, кои можат да потекнуваат од различни растителни извори. Човечкиот организам не е способен да ги дигестира овие влакна и тие поминуваат низ организмот непроменети сè додека не стигнат до дебелото црево. Таму, тие претставуваат храна за цревната микрофлора и овозможуваат подобар раст на полезните микроорганизми.

Човечкиот организам е во симбиоза со својата цревна микрофлора. Одржување нормална цревна микрофлора е битно за здравјето на дигестивниот тракт, за заштита од воспалителните процеси на истиот, како и за подобрување на општата добросостојба и здравје.

Сподели на Facebook
пати видено