Родители кои донирале чек за католично училиште во Калифорнија побарале увид за да видат каде отишле нивните пари.
Но, но парите немало трага ни глас. Затоа црковните органи на училиштето Св. Џејмс решиле да спороведат интерна истрага и дошле до шокантни сознанија. Некој буквално ги крадел донациите во изминатите 10 години.
Сестрата Марија Маргарет Крупер, поранешна директора на училиштето Св. Џејмс и поранешната наставничка, Сестра Лана Чанг, проневериле средства за своја лична употреба. Калуѓерките, кои се од редот на сестрите на Свети Јосиф проневериле околу 500.000 долари во школарина, такси и донации.
Училишните службеници неодамна им соопштиле на родителите дека калуѓерките кои биле најдобри пријателки искористиле дел од парите за да одат во казина во Лас Вегас.
Мардж Граф, адвокатка која го претставува Св. Џејмс вели: „Знаеме дека тие често оделе на патувања, знаеме дека посетувале казина, реално ја корстеле сметката на училиштето за лични потреби.“
Купер била директорка на училиштето 29 години и таа заедно со нејзината пријателка Чанг се пензионирале во 2017 година. Архиепископијата во Лос Анџелес посочила дека нема да поднесуваат кривични пријави против калуѓерките. Наместо тоа, претпочитаат да се справат со ова прашање внатрешно.