На испит по медицина, студент одговара на прашање: „Признаци на бременоста“. Колегите од позади му поткажуваат: „Капење на косата, искривување на нозете, голем стомак.“ Студентот ги повторува признаците пред професорот, а овој слуша со внимание и вели:
– Колега, јас коса имам?
– Не.
– Нозете криви ми се?
– Да.
– Стомакот голем ли ми е?
– Голем е.
– Е па колега, кога ќе родам, дојдете да ви пишам шестка.