Еден човек од Канада конечно откри што има во неотворена кутија што неговата поранешна девојка му ја дала како подарок пред речиси 50 години пред да му раскине.
Адријан Пирс, сега оженет, татко на две деца, добил мала кутија обвиткана со сјајна, виолетова хартија непосредно пред Божиќ во 1971 година од Вики Ален. Вики била негова прва љубов, кога двајцата заедно оделе во средно училиште во Торонто.
Меѓутоа романтичната приказна завршила и кога таа му раскинала му дала последен подарок. Пирс се вратил дома го ставил подарокот под елката и си ветил дека никогаш нема да го отвори. Приказната за неотворениот подарок стана позната минатата година, а сега кога Вики и Адријан повторно се обединиле решиле заедно да го отворат подарокот.
Откако преку заеднички пријател Адријан и Вики стапиле во контакт, Вики го поканила заедно со неговата сопруга во нејзиниот дом.
„Тоа беше мала книга наречена ‘Љубовта е: нови начини да го забележите тоа чувство’ со карикатури и изреки за љубовта. Иронијата е екстремна.“, вели Адријан.
Вики вели дека била шокирана и изненадена и шокирана што нејзината прва љубов толку долго го чувала подарокот. Таа открила дека му раскинала на Адријан затоа што се бакнала со друго момче додека му го купувала подарокот. Вики не сакала Адријан да дознае дека го изневерила и затоа му раскинала кога му го дала подарокот.
Адријан сега вели дека повеќе не чувствува ништо кон Вики и дека е во среќен брак со сопругата Џенет 40 години. Адријан, Вики и сопругата на Адријан, Џенет, напишале книга за нивната приказна.