Хелен Кокс порачала преку Амазон костим на „пастир“ кој нејзиниот 5-годишен син требал да го носи на новогодишна претстава во училиштето.

Костимот чинел 15 фунти и малиот Алфи бил многу среќен кога видел дека заедно со него доаѓа и овца на дување. Алфи го однел костимот на училиште, а по неколку дена приказната добила сосема неочекуван правец.

По неколку дена детето ја вратило овцата дома и ѝ кажало на Хелен дека учителката побарала од него да ја врати дома. Хелен првин помислила дека Алфи бил „палав“ и се играл со овцата на час и затоа учителката го казнила. Но, кога Алфи побарал Хелен да му ја надува овцата, таа сфатила „колку е часот“.

Освен тоа што овцата имала црвен кармин, машна и трепки, имала и дупка на задникот, за „задоволување“. Кога Хелен сфатила дека станува збор за секс играчка почнала да се обидува да му ја земе на Алфи. Таа му велела дека овцата има кармин и машна и дека така не личи на вистинска овца, но детето не сакало да ја даде.

Хелен вели дека не сака да му објаснува на 5-годишното дете за што „служи“ овцата и затоа кога ја прашал зошто има дупка на задникот, таа му одговорила дека тоа е така за да може да оди во тоалет.

Бидејќи го пријавила продавачот производот бил отстранет од Амазон. Сега Хелен вели дека иако и е смешна ситуацијата, многу ѝ е непријатно да им објаснува на учителките како сето ова се случило.

Сподели на Facebook
пати видено