На првиот час по Анатомија на Медицинскиот универзитет, студентите влегуваат во мртовечницата и гледаат на масата расфрлани делови од труп, а професорот стои пред него.
Професорот започнува:
– Колеги, постојат два многу важни принципи што треба да научите за да станете добри лекари. Првиот е да не бидете гадливи.
Тогаш професорот го брца прстот во трупот пред него, а потоа го излижува.
– Сега, колеги, и вие сторете го истото!
Еден по еден, студентите го прават истото, одвај воздржувајќи се да не повратат. Откако сите завршуваат, професорот продолжува:
– Следниот важен принцип колеги е внимателно да набљудувате! Бидејќи видете, јас во трупот го брцнав показалецот, а го излижев средниот прст.