Татко од Охајо ја приморал својата 10-годишна ќерка да пешачи 8 километри на студено време откако била исфрлена од училишниот автобус затоа што веќе втор пат во годината малтретирала соученичка.

Кога Кристен му кажала на нејзиниот татко Мет Кокс дека повторно има забрана за возење со автобусот и дека тој ќе „мора“ да ја носи на училиште со автомобил, таткото чувствувал должност дека мора на некој начин да го натера девојчето дека е одговорно за последиците.

Затоа 39-годишниот Мет ѝ кажал дека таа мора да оди на училиште, но тоа ќе го направи пеш. Тој снимил видео за „казната“ која ја подготвил и објаснува дека можеби многу родители нема да го подржат, но тој смета дека оваа казна е најсоодветна.

„Не би направил ништо поинаку. Мислам дека мојата ќерка научи неколку вредни лекции и дефинитивно ѝ ги отвори очите за тоа колку силеџиство влијае врз луѓето.“, вели Мет. Тој во видеото вели дека децата мислат како возењето со автомобил до училиштето е право, но според него тоа е привилегија.

Мет вели дека тој не дозволува малтретирање во неговото семејство. Кристен се извинила на соученичката и ветила дека никогаш повеќе нема да се однесува како силеџија.

Сподели на Facebook
пати видено