Човекот кој ја направи нискобуџетната новогодишна реклама „Љубовта е подарок“ со само 50 евра (види тука) повторно успеа да ги разнежни луѓето низ целиот свет со неговата нова новогодишна реклама.
32-годишниот видеограф Фил Бистал добил понуда од Good Morning Britain да ја рекламира нивната новогодишна кампања 1 Million Minutes и тој ја креирал рекламата „Времето е подарок“.
Во рекламата се прикажани тешките судбини на луѓето кои ги изгубиле саканите личности, но на крајот сепак пронаоѓаат начин да продолжат понатаму и да го искористат времето кое што им е „подарено“.
Улогата на 1 Милион Минути е луѓето да се заложат за сите луѓе кои страдаат од осаменот за новогодишните празници.