Што и да мислите за нив, наркотиците и лекарствата се дел од секојдневниот живот. Од препишаните лекарства и средства против болка, до алкохолот и тешките наркотици – ги има во најразличи видови. Па така, дури и некои од најмоќните луѓе во светот злоупотребувале некој вид на дрога. Еве 10 такви примери.
Џорџ Вашингтон
Главниот командант во американската борба за самостојност на својата плантажа одгледувал коноп, а кога страдал од забоболка како последица на лошата состојба на неговите заби, за да се справи со болката користел лауданум, опиумски дериват кој во тоа време бил законски.
Џон Ф. Кенеди
Помеѓу другите пороци, Кенеди наводно пушел марихуана и експериментирал со LSD. Покрај тоа бил познат како страстен пушач и пијач. Неговото семејство се збогатило продавајќи алкохол за време на прохибицијата во триесеттите.
Барак Обама
Како млад, Обама пушел марихуана и помирисал кокаин тука и таму. Запрашан дали вдишувал кога пушел марихуаа, Обама одговорил: „Е, тоа е поентата“.
Ендрју Џексон
За време на војна, Џексон пушел марихуана со своите трупи, што било честа практика во деветнаесеттиот век.
Бил Клинтон
За разлика од Обама, Клинтон пушел марихуана, но не вдишувал (ОК, за овој човек и оралниот секс не е секс и не се важи, но тоа е друга приказна) Се вели дека пробал и кокаин, но овие обвинувања се непотврдени до ден денес.
Џорџ В. Буш
За време на седумдесеттите Буш бил ноторен пијаница и често го брцал својот нос во кокаин удобно живеејќи на славата и парите на неговиот татко.
Френклин Пирс
Како и Џексон, Пирс исто така пушел марихуана со неговите воени трупи за време на војна – особено за време на Мексиканско-американската војна. Се верувало дека марихуаната е добар мотиватор за војна. Но тоа било пред Боб Марли.
Томас Џеферсон
Џеферсон не само што на својата плантажа одгледувал афион, туку од време на време и уживал во опиумот кој го добивал од него. За време на деветнаесеттиот век опиумот бил омилена дрога кај Англичаните.
Јулисис С. Грант
Грант не злоупотребувал вистински наркотици, но затоа чадел како оџак. Човекот секогаш имал пури кај себе, и кога бил напнат пушел постојано.
Џејмс Бјукенен
Бјукенен можел да натпие секого. Според кажувањата можел да испие неколку шишиња за време на вечерата и практично живеел со чаша в рака.