Во светот постојано се откриваат нови нешта, така што не е ни чудно што книгите по историја и географија ни изгледаат недовршени.
Процесот на барање на одговори ја зголемува енергијата на луѓето, прави да сонуваат ги тера да се чувствуваат како пионери. Научете нешто ново за светот кој нѐ опкружува преку овие интересни факти.
1. Еве како изгледа на врвот на една од египетските пирамиди.
Ова е каменот Бенбен (од приближно 1840 п.н.е) кој бил откриен во храмот на Феникс. Натписот на каменот е молитва за фараонот да „го види животот повторно“.
2. Ако се хранат канаринците со црвена пиперка ќе сменат боја.
Постои посебен пигмент лоциран во крилјата на канаринците кои се одговорни за нивната боја. Затоа нивните пердуви развиваат различни нијанси поради сончеви зраци или храна што ја јадат птиците. Затоа жолтите канаринци можат да станат портокалови или црвени.
3. Во Ватикан има музичка композиција која се изведувала еднаш годишно била забранета да се копира.
Allegri’s Miserere се изведувала само еднаш годишно. Композицијата била чувана како тајна 150 години и била забранета да се копира. Сѐ додека Моцард не ја слушнал, ја запомнил и ја запишал. Кога Ватикан дознал колку била точна копијата добил орден од самиот Папа.
4. Постои редок и убав феномен наречен „вкрстено море“
Вкрстено море е многу убава и ретка појава што се случува кога постојат 2 брановни системи во морето кои се движат со коси агли.
5. Брадата на Тутанкамон паднала за време на процесот на чистење во Египетскиот музеј во 2014 година.
Тие случајно ја турнале брадата и се обиделе да ја залепат со епоксидно лепило со цел да ја сокријат својата грешка, што довело до уште поголема штета на артефактот. Грешката била откриена во 2016 година и ги шокирала историчарите низ целиот свет.
6. Некои видови орхидеи се нарекуваат „ѓаволски растенија“ и тоа не е за ништо.
Ѓаволската орхидеја (Telipogon diabolicus) неодамна е пронајдена во шумите на Колумбија. Овој вид е уникатен поради својот изглед – може да се види ликот на лице со рогови и црвени очи кои личат на ѓавол во средината на цветот.
7. Постои безбојно виножито што се појавува под одредени услови.
Ова виножито се создава само кога има магла. Може да се види само кога има многу мали капки со радиус до 0,05 мм присутни во атмосферата и ако стоите со грбот кон сонцето и гледате кон маглата.
8. GPS е бесплатен за целиот свет, но трошоците за него се 2 милиони долари дневно.
Глобалниот систем за позиционирање, функционира во светот со помош на 24 сателити. Со цел да се одржуваат и да се сервисираат сателитите, американската влада троши 750 милиони долари годишно или околу 2 милиони долари дневно.
9. Русите, можат да живеат во различни градови, но да не се селат.
Можат да се родат во Петербург, да одат на училиште во Петроград, да работат ви Ленинград и да остарат во Санкт Петербург и да не се селат никаде. Имињата на некои руски градови се толку често менувани што лесно можете да се збуните за кој град станува збор.
10. Изметот од пингвини може да го промени екосистемот на Антарктикот.
Пингвините произвеле повеќе од 8 милиони килограми богати хранливи материи за растенијата во Антарктикот во последните 5.000 години. Откако климата се менува, овие елементи ќе им помогнат на растенијата да ги покриваат замрзнатите почви, како и да им помогнат на животните да преживеат.
11. Авокадото е отровно за птици, мачки, кучиња, зајаци и други миленичиња.
Авокадото е токсично за сите освен за луѓето. Лисјата од авокадо содржат отровна киселина наречена персин, која предизвикува некроза на срцевиот мускул и млечната жлезда кај разни видови животни.
12. Исланд има традиција на печење леб директно во земјата.
Исланд е земја на гејзери и вулкани, а локалното население научило како да ги користат во нивниот секојдневен живот. Еден од најстарите рецепти е „вулканскиот леб“ (hverabrauð), кој се користи и денес.
Садот со тестото се става во дупка што е ископана во почвата во близина на гејзер, одозгора се става камен и се остава така околу 24 часа. Температурата на почвата достигнува 220 ° F, што е доволно високо за тестото да се испече и лебот се јаде со путер за да се убие сулфурниот вкус.
13. Во 2016 година, по должината на брегот на полуостровот Јамал во западниот дел на Сибир, се појавија илјадници џиновски топки мраз.
Експертите во Институтот за истражување на Арктикот и Антарктикот (AARI) велат дека ова е многу редок феномен што се случува поради силните ветришта кои го земаат снегот, го превртуваат во топки, а потоа ги полираат.
14. На секои 23.000 години Сахара се претвора од густа шума во пустина и обратно.
Научниците велат дека пред само 6.000 години, Сахара била покриена со зелени пасишта, треви и дрвја, но климатските промени го претвориле теренот во сува пустина. Според студијата, овие промени се случуваат приближно на секои 23,000 години.