Во денешно време кога е незаконски да го наплескате вашето дете, понижувањето е најефикасната форма на казна. Така Расел Фредерик, бербер од Атланта, САД, изнашол прилично екстремен начин на дисциплинирање. Бесплатно прави ќелави фризури на непослушните деца како казна за непослушност и лошо однесување. Кога би наминале во неговиот дуќан „А-1 Куц“ и би побарале „специјална Бенџамин Батон фризура“ за вашето дете, Расел ќе му го избричи горниот дел од главата, правејќи да изгледа како ќелав дедо.
Овој метод бил применет нанеговиот 12-годишен син Рашон, по што неговите оценки „драматично се повишиле“. Понижувачките шеги на негова сметка од страна на неговите соученици го направиле посилен и посветен на учењето и стекнувањето повисоки оценки. Рашон дури почнал да се нарекува себеси „стариот Џенкинс“.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!