Кажете искрено дали некогаш сте ја слушнале фразата (доколку сте маж) или пак и самите сте ја изговориле: „Маж ли си, што ли си?“ Ова им го кажуваат на малите момчиња кои почнуваат да плачат кога ќе се повредат, на момчињата кои се соочиле со скршено срце или мажите кои не можат да поправат нешто по дома.
Често ни се наметнуваат одредени стереотипи за тоа како треба да изгледа и што треба да прави „вистински маж“, па и „вистинска жена“. Еве некои од најчестите стереотипи кои треба да останат во минатото:
„На мажот не му е место во кујната! Тој треба само да превртува плескавици на скара, а доколку не знае да ја запали скарата… тој не е вистински маж.“
„Вистинскиот маж треба да го помине викендот со пријателите во кафана гледајќи спортски натпревари. Дали гледаш сапуници со жена ти? Или љубовни филмови? Ти не си на списокот на вистински мажи.“
„Доколку жената заработува повеќе од тебе ти не си вистински маж, кој повеќе заработува, тој е главен.“
„Мажот по природа е полигамен. Ние така сме родени, сфаќаш Цвете?“
„Треба да почнете да се тепате дури иако сѐ уште не сте нападнати и доколку сте 10 против 1. Фрактури, модринки… сето ова го краси вистинскиот маж.“
„Треба да носиш и склопуваш мебел, да поправаш цевки, да копаш со брзина на багер…Зарем татко ти не те научи на тоа кога беше дете?“
„Па што ако сте биле заедно 10 години. Престани да лелекаш и најди ѝ замена. Или подобро две.“
„Што кажа? Крема за лице? Нешто за стилизирање на косата? Какви се тие ‘теткински’ работи.“
„Вистинскиот маж треба да јаде месо… со компири. Пивскиот стомак е нешто свето.“
„Вистинскиот маж треба да има само едно чувство… чувство за глад. И ако чувствува нешто друго треба да оди во салата за вежбање да удира вреќа и ќе се чувствува подобро.“
„Вистинскиот маж треба да има машко хоби: риболов, лов на дивеч, спорт или пак сите заедно.“
„Секој маж треба да има сопствен автомобил. Јавниот превоз е за деца и пензионери.“
„Сите одлуки треба да ги донесуваш ти. Врз основа на тоа… дека си маж.“
„Жените сакаат упорни мажи. Вистинскиот маж не треба да чека, неговата задача е да дојде и да земе што сака.“
„Вистинскиот маж треба да има машка професија: електричар, водоводџија, градежен работник. Сѐ друго е ѓаволска работа.“