Лекарите во Русија се борат да ги спасат животите на сестри близначки кои се критично болни од анорексија откако од агенцијата за модели им кажале дека треба да ја намалат телесната тежина доколку сакаат да бидат модели.

14-годишните Маша и Даша Леденева биле пренесени на интензивна нега во Москва, по предупредувањето дека станале „живи трупови“ на кои никој не сакал да им помогне.

Марија Кохно, активистка за жртвите со нарушувања во исхраната, се одбратила до јавноста за медицинска помош за девојчињата откако лекарите одбиле да интервенираат.

Девојчињата претходно поминале 3 дена во кома во друга болница, а потоа биле пуштени дома иако сѐ уште имале сериозни физички и психички здравствени проблеми. Марија која и самата ја преживеала анорексијата решила да се избори и да пронајде соодветна медицинска нега за девојчињата.

На Маша и Даша, кои претходно имале околу 50 килограми, од агенцијата за модели им било кажано дека секоја од нив треба да ослабне 5 килограми за да им се гледаат јаболчниците.

Девојчињата веднаш почнале со диета, која ги однела до анорексија. Даша сега има 36 килограми и не може да стане од креветот, а Маша има 40 килограми, но исто така е во лоша состојба.

Сега нивната мајка ја напуштила својата работа за да може да се грижи за девојчињата. Таа вели дека сѐ се случило многу брзо.

Првин девојчињата одбивале да јадат слатки, потоа и овошје, а набргу одбивале и салати. Мајката вели дека постојано ги убедувала да почнат да јадат, но нивната болест набргу ескалирала и девојчињата си го загрозиле здравјето.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено