Бизарното видео направено во метро во Москва, Русија прикажува двајца мажи кои носат ковчеч низ метро станицата, а потоа се качуваат и продолжуваат до својата станица.

Не е сигурно дали ковчегот бил „полн“, бидејќи сведоците изјавиле дека двајцата мажи застанале неколку пати да одморат затоа што ковчегот бил тежок.

Официјалните лица од метро станицата изјвиле дека двајцата мажи платиле дополнителна карта за „поголем товар“ на влегување и дека во нив немале „забранети предмети“.

Се шпекулира дека мажите требале да го однесат ковчегот на погреб, но поради големиот метеж во Москва, морале да се одлучат за оваа „брза“ алтернатива во „подземјето“.

Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.

Сподели на Facebook
пати видено