Непалскиот возач на училишен автобус се надева дека ќе стане дел од Гинисовата книга на рекорди благодарение на неговата невообичаена способност да си го излиже сопственото чело.
35-годишниот Јагја Бахадур Катувал, од Урлабари, Непал, тврди дека има најдолг јазик во светот, и може да го покрие носот со долната усна додека ги лиже неговите веѓи.
Јагја станал локална славна личност откако еден негов пријател објавил видео од Јагја како си го лиже челото, на социјалните мрежи. Сепак тој бил предупреден да не ја покажува својата необична вештина на работа бидејќи учениците се плашат.
„Децата никогаш не сакаат да ми се доближат. Некои дури и ќе се измократ. Дури и возрасните паѓаат во бесвест кога ме гледаат во акција. Доколку добијам улога во хорор филм, нема да ми треба шминка како на другите актери за да ги исплашам луѓето.“, вели Јагја.
Сепак возачот на автобус не дозволува мислењето на останатите луѓе да го одредува: „Мислам дека изгледам одлично вака.“, додава тој.
Пускар Непал, кој го снимил Јагја вели дека тој уште во рана возраст открил дека може да си го излиже челото и има само еден заб па е во можност да направи секакви чудни, но неверојатни работи.