Повеќе Рудолф не е најпознатиот ирвас во светот туку овој недоолив мал ирвас кој многу сака да се фотографира.
Фотографот, Мадс Нордсвен од Осло бил на планинарење со своите пријатели кога го забележал овој редок вид на животно. Во Норвешка, Шведска, Финска и русија се смета дека белиот ирвас е знак за среќа.
Снежно-белото суштество се појавило од шумата во Норвешка заедно со неговата кафеава мајка. 24-годишниот Мадс ијавил: „Отидов во планините во потрага по убави пејзажи за моите фотографии, кога одеднаш се појави ова прекрасно мало суштество.“ Малиот ирвас е стар само неколку месеци.
Белите ирваси, кои не се албино, имаат ретка генетска мутација која го отстранува пигментот од крзното. Мадс вели дека моментот бил како од „бајка“ бидејќи малиот ирвас сам им се приближил и љубопитно и смирено позирал за фотографиите, пред повторно да се врати кај својата мајка.